Македонија
11. October 2017 - 16:08

Илиоски: Изградба на кванташки пазар во Битола

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денес најави изградба на Кванташки пазар, како проект што, како што кажа, ќе биде важен за градот и пригратските населби, за општината, но и околните општини во овој регион.

-Со новиот проект предвидуваме дислокација на сточниот пазар во Битола и изградба на нов кванташки пазар. На овој начин граѓаните кои што живеат во непосредна близина на сегашниот пазар, но и другите граѓани ќе може непречено да ги продаваат своите производи и секако да купуваат производи, истакна Илиоски кој воедно го честиташе денешниот државен празник 11 октомври.