„Илинденски срцекази“ во Растојца, Демирхисарско
Во демирхисарското село Растојца денеска ќе се одржи традиционалната мултимедијална манифестација „Илинденски срцекази“, во рамките на Растојчкото културно лето, како дел од Летниот културен бран.
Манифестацијата ќе започне со Беседата за Растојца од проф. д-р Живко Андревски. а потоа премиерно ќе биде изведена Песната за Растојца од писателот Христо Петрески.
На омажот за роднокрајните творци Петре М. Андреевски, Петар Т. Бошковски, Јозо Т. Бошковски, Љубе Цветаноски и Владо Цветановски ќе говорат Панде Манојлов, Весна Мундишевска Велјаноска, Милица Радевска, Мирјана Стојановска и Христо Петрески.
На манифестацијата ќе бидат врачени наградите Растојчки камен, Растојчки даб, Растојчки водопад, Златен орев и Последните селани на годинашните добитници проф. д-р Јордан Ѓорчев, Раде Силјан, м-р Трајче Кацаров, Наќе Стојаноски, м-р Тони Чатлески, Живко Попоски - Цветин, Никола Јованоски, д-р Лилјана Соколова (Сомбор), Зоран Пешиќ - Сигма (Ниш), Радован П. Цветковски и Добре Тодоровски.
На поетскиот митинг за Илинден ќе настапат учесници од: Демир Хисар, Битола, Крушево, Скопје, Ресен, Штип, Свети Николе и други градови.
Манифестацијата ќе се заокружи со ликовен хепенинг на Тони Чатлески, Живко Попоски – Цветин, Борче Минов, Христо Петрески и Трајче Кацаров.
Ново на Сител
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората