Македонија
28. July 2016 - 8:32

„Илинденски етно фест“ во општина Илинден

Oпштонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ ќе се одржи вечер во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, а во пресрет на 2 Август, патрониот празник и 20-годишниот јубилеј на општина Илинден.  

Во рамки на одбележувањето на празникот ќе се одржи фестивалот на македонски песни „Илинденски етно фест“.

Ќе настапат Сузана Спасовска, Виолета Томовска, Блага Петреска, Виданка Ѓорѓиева, Атина Апостолова, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ирена Спасовска, Ани Малинкова, Круме Спасовски, Момо Николовски...

„Илинденски етно фест“ третпат се одржува во општина Илинден.