Македонија
4. February 2016 - 17:15

Илинден пример за општина со огромен економски и градежен развој

На Македонија и е потребна стабилна влада за справување со бегалската криза. За тоа особено е важно да се спроведат предвремените парламентарни избори во Македонија со што би се спровел политичкиот договор постигнат меѓу политичките партии. Ова се поентите од средбите што спикерот Вељаноски ги имаше со Претседателите на два исклучително значајни американски институти НДИ и ИРИ во Вашингтон
 
‘‘Тие дадоа поддршка за сите случувања и за сите идни активности кои што евентуално ви дошле и би се случиле во Македонија и во регинот. Нивната заинтересираност, посебно грижата за мигрантската криза, за предвремените парламентарни избори. Исто така разговаравме за Самитот во Варшава и за други прашања кои што од нивна страна покажаа интерес и беа презентирани од моја страна, како Претседател на Собранието, за случувањата во македонскиот Парламент и на македонската политичка сцена‘‘, изјави по средбите Вељановски.
 
Претседателот на НДИ, Кенет Волак порачал дека Собранието треба да има значајна улога во решавањето на сите отворени политички прашања и проблеми, бидејќи политичката дебата треба да се води во законодавниот дом, кој ја отсликува политичката ситуација во целата држава. 
 
Претседателот на ИРИ, Марк Грин, чии анкети за јавното мислење се сметаат за релевантни, нагласил дека Институтот секогаш ја охрабрува Владата на САД да помага на земјите кои имаат проблеми, како што е проблемот со бегалската криза во Македонија.
 
На средбата со Обединетата македонска дијаспора, иселениците уште еднаш побарале електронско гласање и создавање Министерство за дијаспора кое ќе ги подобри врските со македонците низ светот.
 Од ОМД апелирале политичката криза да се реши во најкраток можен рок за да може земјата да се посвети на членството во ЕУ и НАТО.
 
На средбата покрај Вељаноски присуствуваа и потпретседателката на Собранието Рената Десковска и пратеникот Павле Саздов.