Спорт плус
31. December 2019 - 18:08

Илина ги освои 7-те највисоки врва на исто толку континенти

Македонката Илина Арсова напиша историја во алпинистичкиот спорт не само кај нас туку и пошироко откако го искачи и врвот Винсон со 4892 метри највисок на Антарктикот со што го комчетираше проектот Седум врвови во рамките 

на проектот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Според информациите од Федерацијата за планинарство, со искачувањето на овој врв Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик 7 summits.

Планината Винсон на Јужниот пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот заедно со Илина имале одлични услови, ладно, но без ветер се вели во соопштението.