Македонија
22. November 2016 - 17:59

Илија Димовски на средба со стопанственици од Кочани

Носителот на изборната листа во ИЕ 3 од Коалицијата за подобра Македонија Илија Димовски на денешната средба со стопанствениците од Кочани ја изложи Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на стопанството, отворањето нови индустриски капацитети со странски инвестиции  и новите вработувања.
 
- Во општина Кочани веќе работат две големи странски инвестиции - „Амфенол“ и „Антура“. Компанијата Амфенол започна со изградба на трета фабрика во која од наредната година ќе бидат вработени нови работници. Во општина Виница веќе работат пет странски компании со над 2.000 вработени,истакна Димовски.
 
Во програмата на владејачката партија, истакна тој, е предвидена поддршка и за домашните компании, посебно за оние кои ќе отворат нови фабрики во руралните средини во кочанско-виничкиот регион.
 
Зборувајки за вработувањето во новоотворените странски компании Димовски исаткна дека во изминатите две години во Република Македонија се отворени 39 илјади нови работни места, а ваквата тенденција за зголемување на вработувањето ќе продолжи во наредниот период.
 
На претстојните избори очекуваме да освоиме 63 пратенички места со што ќе ја стабилизираме економијата, при што за наредните 4 години планираме да бидат реализирани 70 илајди нови вработувања.