Loading Video...
Ракомет
30. January 2018 - 15:10

Илија Абутовиќ од Вардар се сели во Рајн-Некар Левен

 И официјално Илија Абутовиќ е уште еден во низата ракометари кои од следната сезона нема да бидат дел од Вардар. 
 
Апутовиќ црвено-црниот вардаров дрес ќе го замени со оној Рајн-Некар Левен. 
 
Германскиот тим денеска и официјално го промовираше Илија Абутовиќ како ново засилување, кое во овој клуб ќе биде дел од идната натпреварувачка сезона па се до 2021 година. 
 
„Рајн-Некар Левен не само што е најдобар клуб во Германија, туку исто така имаат високи цели за во иднина. Би сакал да го дадам мојот придонес во тоа“, изјави при промоцијата Абутовиќ.
 
Покрај Абутовиќ, по завршувањето на тековната сезона Вардар ќе го напуштат тренерот Раул Гонзалез, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ и голманот Арпад Штербик кој на неодамна завршеното Европско првенство во Хрватска со својата селекција Шпанија го освои шампионскиот трофеј, а беше прогласен и за МВП на финалето.