Loading Video...
Фудбал
21. August 2018 - 14:07

Илиевски го објави списокот за двата квалификациски меча на репрезентацијата до 21 година

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години Добринко Илиевски, денеска ги соопшти имињата на 22. повикани за претстојните натпревари со Србија и со Ерменија.
 
На списокот на Илиевски се:   
 
голмани: Ристе Јанков, Христијан Стевковски и Филип Трајчевски;
одбрана: Ване Јованов, Сабахудин Омеровиќ, Тодор Тодоровски, Агрон Руфати, Филип Трајковски, Алекса Амановиќ и Михаил Маневски;
среден ред: Давор Здравковски, Јани Атанасов, Енис Фазалгиќ, Стефан Јефтовски, Агон Хани и Тихимир Костадинов;
напад: Петар Петковски, Димитар Митровски, Марио Крстовски, Никола Ѓорѓев, Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.
 
Откако Македонија ги загуби и теоретските шанси да ја минее оваа фаза од квалификациите, а по оставката на Благоја Милевски, сега новиот селекторот Илиевски, како главна задача има да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција.
 
- Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова  е подмладен состав и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација, нагласи селекторот.Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто така големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција, додаде Илиевски.
 
„Црвено-жолтите“ во групата 7 во квалификациите за ЕП 2019 имаат три бода и се без шанси за висок пласман. Србија е лидер со максимални 18 бода, Русија има 16 бодови, Австрија 12, Ерменија 7, а последен е Гибралтар со 3 освоени бодови.
 
Македонија на 7 септември гостува во Србија, а четири дена подоцна (11 септември) е домаќин на Ерменија.