Балкан
10. August 2017 - 11:06

„Икеа“ отвори прв продажен објект во Србија, инвестиција од 70 милиони евра

Шведскиот производител на мебел и опрема за домаќинство Икеа, отвори денеска прв продажен во Србија. Тоа е 400. продажен објект на таа компанија во светот.

Икеа вложи 70 милиони евра во објектот, вработи 416 луѓе, а на потрошувачите ќе им биде понудена стандардна палета производи по пристапни цени.

Продажниот објект во Бубањ Поток, на јужниот влез во Белград, се простира на 35.000 квадрати, располага со повеќе од 1.400 паркинг места, ресторан со 500 места, продавница за шведска храна како и место за полнење електрични автомобили.