ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓански протест на 18 јуни, продолжува активната блокада на Собранието
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување голем граѓански протест што ќе се одржи на 18 јуни, изјави потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, соопштувајќи ги одлуките од вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој информира дека во наредниот период не се исклучени и други дополнителни чекори, како и дека ќе продолжи активната блокада на Собранието што ја почнаа минатата недела со што ги стартуваа активностите што ги најави партискиот лидер Христијан Мицкоски со цел да се издејствува одржување предвремени парламентарни избори.
-Ова е протест за промени и за сериозно обединување на граѓаните кои се незадоволни од политиките на Владата. Основната причина за донесување на ваквите одлуки, за жал, е отсуството на каква било подготовеност на премиерот и владејачката гарнитура за воспоставување вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање решение околу одредени кризни состојби и предизвици со кои се соочува подолг временски период нашата држава, рече Муцунски.
Идните активности, како што рече, ќе бидат уште еден импулс за предизвикување предвремени парламентарни избори, каде што на тест ќе биде довербата на Владата. Државата, оцени Муцунски, може да организира избори за помалку од два месеца.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата не покажала адекватна способност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, јавниот долг на државата се зголемил енормно, странските инвестиции се на исклучително ниско ниво…
Муцунски дополни дека државата има неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ, а функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуват кредибилни забелешки.
-Рееформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој. Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуват суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институициите на државата и политичарите. За инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкаарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугаријај се уште нема никаков вид на одговорност. Доколку на тоа се додадат и резултатите од последните локални избори кои владејачката партија ги постави на ниво на одлучувачки во поглед на идното владеењето со државата и на кои ВМРО-ДПМНЕ извојува силна победа, повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата, изјави Муцунски.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз