ИЈЗ: Зголемување на бројот на новодијагностицирани и процентот на позитивни од тестирани
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=456, 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6%), 20-29 (n=414; 18,5%), над 60 (n=405; 18,1%) и 50-59 (n=343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4%) и 10-19 години (n=132; 5,9%).
Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена)
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.
Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 5-11.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок