-->
-->
ИЈЗ: Скопје и натаму со најголем број нови случаи и највисока инциденца
-->
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември 2020г. тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20- 29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.
Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 16 до 22.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.