Свет
10. July 2016 - 13:43

„ИХС Џејнс“: ИД годинава загуби 12 проценти од својата територија

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) во првите шест месеци од 2016 година загуби 12 проценти од територијата што беше под нејзина контрола, соопшти денеска аналитичката компанија „ИХС Џејнс“.

Оваа изадвачка компанија со седиште во Лондон, специјализирана за изработка на воени и геополиитчки анализи, во својот извештај наведува дека загубата на територии и зачестените воздушни напади на коалициските сили, придонеле и за драстично намалување на приходите на ИД.

Како што јави ДПА, во анализата се наведува дека во моментов ИД контролира околу 68.300 километри квадратни на териториите на Сирија и Ирак. На почетокот на 2015 година под контрола на ИД биле околу 90.000 километри квадратни.   

ИД во последно време се соочува со значителни загуби на територии, отстапувајќи пред офанзивите на курдските сили во северна Сирија, пред сириските владини трупи во центрлните делови на земјата и пред ирачката армија западно и северно од Багдад, стои во анализта.

„ИХС Џенис“ потенцира и дека приходите на ИД од околу 80 милиони кон средината на 2015 година, во март годинава опаднале на 56 милиони, а од тогаш е можно нивно дополнително намалување за уште 35 проценти.