Балкан
4. January 2017 - 18:23

ИХС Џејнс ДВ:Германија ќе и донира на Србија четири користени воени хеликоптери

Германија ќе и донира на Србија четири користени воени хеликоптери од типот H145M, објави воениот магазин ИХС Џејнс дифенс Викли.

Според медиумот, со тоа српската армија би имала флота од 10 такви повеќенаменски хеликоптери.

Со договор од 28 декември, Србија од Ербас ќе купи шест хеликоптери Н145М за армијата и три за полициските сили. МО и МВР на Србија склучија со компанијата Ербас хеликоптерс договор за набавка на девет ербасови хеликоптери (Н145М), соопшти неодамна МО на Србија, јави Танјуг.