Фудбал
8. September 2016 - 16:30

Игруаин и Алегри најскапо платени во Серија А

 
 
Тандемот на Јувентус, тренерот Масимо Алегри и напаѓачот Гонзало Игуаин се најплатените играч и тренер во италијанската Серија А, пренесува весникот „Газета дело Спорт’’. 
 
Игуаин по рекордниот трансвер во Италија вреден 94 минилни евра за преминот од Наполи во Јувентус, го презеде првото место на најплатен фудбалер од играчот на Рома, Дениеле Де Роси кој зарапотуваше 6,5 милиони евра по сезона, со тоа што годишната плата на Аргентинецот изнесува еден милион повеќе.
 
Кај тренерите Алегри со платата од 5 милиони евра, на врвот на најскапо платени го замени Роберто Манчини кој до неговото заминување од Интер имаше договор на 5,3 милиони евра. 
 
Шампионот Јувентус е и прв според биџетот во Италија, бидејќи само за плати годишно ќе издвои 145 милиони што е за 25 милиони повеќе од Интер, додека Рома е на третото место со 92 милиони, додека убедливо „најскромен“ буџет има екипата на Кротоне во вредност од 14 милиони евра.