Играден нов мост на патот помеѓу Шипковица и Бродец
Заврши изградбата на мостот што се наоѓа долж патот помеѓу шарпланинските села Шипковица и Бродец. Мостот може да се користи по седум месеци работа откако започна да се гради во април.
-Тука сме да означиме затворање на работите во однос на мостот што ги поврзува Шипковица и Бродец. Ние одамна го направивме овој пат но поради поплавите во 2015 и 2016 овој предел стана проблематичен бидејќи делницата често пати беше во прекин поради одрони на камења и земја, изјави градоначалнипката на Тетово Теута Арифи.
Таа информираше дека за изградбата на мостот осум милиони денари, од ки 3,5 милиони денари од Бирото за регионален развој,а останатите од општинскиот буџет.
Мостот е висок седум метри, а долг 10 метри. Патната делница Шипковица-Бродец најмногу се оштети при големото невреме и поплави во август 2015 година кога имаше и шест жртви во селото. И по неколкуте реконструкции патот при секој поголем дожд беше оштетуван и небезбеден за движење.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите