Играчките за деца најчесто пријавувани како токсични во ЕУ
Европската Комисија утрово го презентираше годишниот извештај за безбедноста на производите присутни на пазарот во ЕУ, и според овој извештај играчките за деца најчесто биле пријавувани до властите како ризични или опасни.
Секоја година Европската Комисија информира кои производи на пазарот (вон прехранбените) се пријавувани во земјите членки на ЕУ како опасни. Оваа година е забележан значаен раст на пријавите за производи поврзани со Ковид-19, како заштитни маски и гелови за дезинфекција кои содржат токсични супстанци.
Најчесто пријавувани производи се играчките за деца со 27 отсто од вкупниот број пријавени производи во ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и Обединетото Кралство. Следуваат моторните возила и електрична опрема.
Според анализата, пријавените производи во 25 отсто случаи се однесуваат на опасност од физичка повреда, потоа на хемиските компоненти, а на трето место е опасност од задушување за децата.
Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс го пофали заедничкиот систем на ЕУ за пријава на опасни производи познат како Сејфти Гејт.
-Со заштитни алатки како оваа ги обезбедуваме и понатаму правата на потрошувачите, изјави Рејндерс.
Ново на Сител
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”