ИГРА НА СУДБИНАТА
Асије е млада жена која сама ги одгледува своите две деца, откако сопругот Џемал ги напуштил поради финансиски проблеми. И покрај тоа што работи напорно и е комплетно пожртвувана за децата, таа не може да обезбеди пристоен живот за своето семејство. Сепак, никогаш не се жали и се труди да биде многу силна за доброто на нив, за среќата на своите чеда.
Во обид да ја спаси ќерка си од затвор, Асије ќе мора да остави сè зад себе, да избега со децата и да се сокрие во големиот и суров град. А таму, по игра на судбината, доаѓа да живее во куќата на богатото семејство Демирхан, каде ќе мора да глуми за да не бидат разоткриени.
Меѓутоа, место да најдат спас, тие во новиот дом се соочуваат со нов предизвик. Предизвик за една мајка да ги совлада сенките од минатото и да ја продолжи борбата за своите деца. Мајка чија борба овојпат ќе биде уште посилна и уште пожестока. Мајка, која во име на двете деца ќе реши да се жртвува и бори, да плаче и да се смее, да бега и да се крие. Мајка која онаму каде најмалку очекуваше, ќе го сретне таткото на своите деца во една нова и возбудлива „Игра на судбината“.
Ново на Сител
-
Левица обвинува за уништување на Tиквешкото Eзеро
-
Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер
-
Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
-
Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија
-
Ливерпул испадна од ФА Купот откако прими гол во 90+2 минута против Брајтон
-
87 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
-
Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија
-
Детектор анкета: Граѓаните песимисти – Очекуваат и оваа година цените да продолжат да растат