Македонија
9. March 2018 - 13:38

Игор Спасов затворен во самица откако синоќа пробал да избега

Осудениот специјалец од МВР Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“. Не се знае до кога ќе ја издржува оваа казнена мерка, велат од Управата за санкции, пишува „Сакам да кажам“.

Оттаму потврдуваат дека Спасов ноќеска направил инцидент. Најверојатно побегнал од затворот, па се вратил самиот, но за официјална информација што точно се случило и зошто Спасов е изолиран од останатите затвореници, Управата чека извештај од затворот.