Македонија
20. December 2018 - 12:24

Игор Југ направи инцидент во судницата, пратеникот Арнаудов на новинарите им побара 50 евра за изјава

Денешното рочиште за случајот „27 април“ започна во тензична атмосфера.
 
Имено, обвинетиот Игор Југ кој беше донесен од затворската полиција со зборовите „Што се криете?“ им се обрати на пратениците кои седат во првиот ред на обвинителната клупа, алудирајќи на новодонесениот Закон за амнестија за учесниците во настаните во Собранието од 27 април.. При тоа во судницата интервенираа затворските полицајци и припадниците на специјалната единица „Алфи“.