Македонија
11. November 2015 - 17:01

Игор Дурловски нов директор на Македонската опера и балет

Оперскиот солист Игор Дурловски  вчера од Министерството за култура е назначен за нов директор на Македонската опера и балет.

- Дурловски е познат бас и контра-тенор кој кариерата ја почна на сцената на МОБ и успешно ја продолжи на меѓународните сцени, информира Македонската опера и балет. 

Дурловски доаѓа на местото на Дејан Прошев кој функцијата директор на МОБ ја извршуваше од 2010 до 2014, а од крајот на минатата година беше в.д. директор на оваа национална установа.