Loading Video...
Фудбал
1. April 2021 - 15:04

Игор Ангеловски: Чуда се случуваат, само ако верувате и се борите за нив

Кратко по натпреварот селекторот Игор Ангеловски, разбирливо не го криеше задоволството од големиот успех, но притоа напомена дека победата над Германците не треба да не залаже, напротив треба уште помотивирано да пристапиме на она што следи. 

Ангеловски истакна дека чуда се можни само ако верувате и се борите за нив, а тоа најдобро го потврдија неговите избраници. 

„Сега не ни треба еуфорија, треба да се спуштиме на земја и за продолжиме, но јас веќе реков, наша цел е да ја поминеме групата на ЕУРО, a со освоените бодови против Германија сега влегуваме во трка за пласман на Мундијалот“, дополни Ангеловски.