Македонија
15. December 2018 - 22:46

Игнорантскиот однос на институциите, граѓаните приморани да се обратат до народниот правобранител

Државните институции, согласно надлежностите и законите според кои работат, се должни да одговорат и да постапуваат по сите претставки, предлози и барања на граѓаните. Меѓутоа, се покажал како тренд во 2018-та година игнорантскиот однос на институциите на системот, поради што граѓаните се приморани да се обратат до народниот правобранител, кој во основа нема посредничка функција.

- Сепак, тој постапува, ги прима тие претставки, ги процесуира и се обраќа до тие државни органи. Во 90% случаеви успешно се  завршуваат тие претставки, но наидуваме и на еден вид отпор од органите на државната управа. Тоа, според Законот за народен правобранител е попречување на работата на народниот правобранител-изјави ЕЛЕНА ЃОРЃОНОСКА МАНЕВСКА, ЗАМЕНИК НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ- ШТИП

Граѓаните најповеќе се жалат поради одолговлекување на постапките во Управниот суд, каде предметите се водат и по 2-3 години што е кршење на правото на судење во разумен рок.

- Постапуваме, се обраќаме до Управниот суд, до Вишиот Управен суд, па неретко праќаме известување до претседателите на тие судови, за да се забрза постапката, за да граѓаните ги остварат своите права кои се надеваат дека во судската постапка ќе ги добијат. Меѓутоа и од таму добиваме одговори дека постапките се во тек, дека ќе бидат решени на наредната седница, додаде Маневска

Се уште има и граѓани со блокирани сметки за неплатена радиодифузна такса, иако не постои повеќе како јавна давачка, но долгот не застарува за 10 години.