ИФЦ најавува поголема поддршка за Македонија
Поддршка на приватниот сектор, подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии за микро, мали и средни компании се трите области во кои Меѓународната финансиска корпорација размислува да ја поддржи Македонија.
Ова му го пренела директорката на Меѓународната финансиска корпорација за Европа и Централна Азија Вебке Шлумер на министерот за финансии Драган Тевдовски.
- Размислуваме да го поддржиме развојот на приватниот сектор преку поврзување на СДИ со домашните компании. Втората област во која би ја насочиле нашата поддршка е овозможување на подобра снабденост на електрична енергија од обновливи извори. Третата област е поттикнување на развојот на микро, мали и средни претпријатија преку олеснет пристап до финансии, истакнала Шлумер на вчерашната средба во Министерството за финансии.
Министерот Тевдовски, како што денеска соопшти ресорното Министерство, ја посочил посветеноста на Владата на овие прашања. Во делот на пристапот до финансии од големо значење е потпишувањето на договорот со ЕИБ за 100 милиони евра евтини кредитни линии, рекол Тевдовски.
Ова е прва посета на Шлумер од нејзиното назначување на позицијата регионален директор.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО