Спорт плус
14. May 2017 - 15:02

Иџе со четврто и осмо место во Хунгароринг

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го освои осмото место на втората трка од ЕТЦЦ шампионатот на патеката Хунгароринг во Унгарија и доби еден поен, а во првата денешна трка нашиот автомобилст беше пласиран на четвртото место и освои пет поени. Тој сега има вкупно 15 поени во генералниот пласман.
Во неизвесниот финиш на втората трка Србинот Рудолф Песовиќ во претпоследниот круг го мина Стефановски и успеа да му одземе два бода. На пласманот во втората трка влијаеше и тоа што Стефановски поради предвремениот старт мораше да мине низ „боксот“.
Швајцарецот Кристјохансен Шрајбер е победник на втората трка, додека најбрз на првата трка беше Унгарецот Норберт Наѓ.
Следната трка ќе се вози веќе идниот викенд во Нирбургринг.