Loading Video...
Спорт плус
24. April 2018 - 13:32

Иџе ќе биде вториот Македонец во TCR европската серија

 
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе наместо во ЕТТЦ шампионатот годинава ќе се натпреварува во TCR европската серија
 
Откако изминатите две сезони се успешно натпреваруваше во ЕТСС серијата, но по промените кои беа натправени на светско ниво во WTCC, Игор Стефановски – Иџе ќе биде вториот македонски претставник во TCR европската серија, во која ќе настапува со нов автомобил, „Хјундаи и30“.
 
„Ова натпреварување е на високо ниво. Ќе се натпреварувам со нов автомобил со кои се надевам  дека ќе може да се искачам на победнички пиедестал. Ова сигурно е еден од најтешките шампионати, тука настапуваа возачи кои се долги години во мото-спортот и се големи шампиони. Нашата амбиција е да се бориме макар за бодови и секако некое од првите три места“, изјави Иџе.
 
Иџе ќе биде вториот македонски претставник во овој шампионат, откако своето учество претходно го потврди и Виктор Давидовски, кој со тимот на „ППС Рејсинг“ ќе настапува со атрактивниот примерок на „Honda Civic Type R TCR“. 
 
Првата трка од ова првенство се вози на патеката „Пол Рикар“ во Франција на 6 мај.