Loading Video...
Спорт плус
18. August 2018 - 18:58

Иџе и Давидовски без многу среќа во Асен

Во Асен Холандија денеска се возеше првата од двете трки во шампионатот на ТЦР  Европа на која скромен настап имаа и македонските автомобилисти Стефановски и Давидовски.

          По лошите квалификации на кои Игор Стефановски – Иџе успеа да го обезбеди само 17. Стартно место а Давидовски излета од патеката ништо подобро не се случуваше и на попладневната трка.

          Стефановски Иџе  иако вложи големи напори во силната конкуренција успеа да се искачи само до 16-тото место  додека  Виктор Давидовски кој поради излетувањето трката ја започна од 22-та позиција и успеа да стигне до 17. Место.

          Повеќе среќа  нашите претставници очекуваат на утрешната трка на истата патека во Асен.  Инаку денеска триумфираше Унгарецот Даниел Наѓ пред Верне и Ричард кои исто така се искачија на подиумот.