Македонија
24. March 2019 - 16:08

Иднината на СЈО и кавгата на владата со ИВЗ главни политички проблеми во следниот период

Две прашања: преговорите на власта и опозицијата за законот за обвинителство и статусот на СЈО и спорот на Владата со Исламската верска заедница околу денационализација на имотите, се најголемите политички предизвици за претседателските избори и почетокот на преговорите со Европската Унија.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никако не попуштаат пред своите позиции за обвинителството на Катица Јанева. Опозицијата бара почитување на меѓународните приниципи, СЈО да стане одделение во Обвинителството за организиран криминал и корупција со контролиран буџет и смена на Јанева.

За власта пак, ваквите барање се вусшност барања за амнестија. СДСМ се подготвува за обезедување на 2/3 мноизнство без опозицијата.

За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.  Си има Собраниска процедура кадешто пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување, јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери да воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме. 

Откако пропадна и втората рунда на преговорите лидерот на ДУИ Али Ахмети бара опозицијата да не се повлекува од преговорите.

Ахмети порачува Дијалог и за спорот со ИВЗ.

Исламската верска заедница и Владата во петокот влегоа во отворен конфликт за денационализацијата на имотот на ИВЗ. Преку писмо до Владата реизот Сулејман Реџепи испрати порака дека доколку во рок од 10 дена не се надминат проблемите ќе бидат принудени во 700 џамии во земјата да информираат, за како што велат, дискриминацијата кон ИВЗ и нејзините членови.

Владата ги оцени овие наводи како уцена.

Поглаварот на Реџепи, кој очигледно е во добри односи со владината ДУИ бидејки доаѓа на нивните настани, денеска не сакаше да даде изјава како би се надминал проблемот. Ставот на Исламската верска заедница и следните чекори ги најави за во вторник.