Идната недела второ прскањето против комарци во десетте општини од Југоистокот
Идната недела, од 17 до 20 мај, во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира второ прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Како што информираат оттаму, планирани се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.
На 17 мај ќе се прска против комарци од 9 до 16 часот часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци, а наредниот ден, во истиот период, во Ново Село, Босилово, Василево и во Струмица.
На 20 мај второто прскање завршува во општините Радовиш и Конче.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители