Балкан
15. February 2017 - 15:12

Идната недела ќе се знае дали ќе има и парламентарни избори во Србија

Претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ изјави денеска дека претседателските избори ќе ги распише во законски рок, а датумот ќе биде познат по одлуката дали ќе има и вонредни парламентарни избори.

– Следната недела ќе имам доволно време да размислам за тоа, да слушнам предлози, да одлучам и да ги усогласам сите датуми и распишам избори во согласност со законот и Уставот, изјави Гојковиќ.

Таа објасни дека се разликуваат датуми и рокови ако се распишат само претседателски избори или и во случај кога со нив се распишуваат и парламентарни избори, јави Танјуг.