Свет
30. November 2023 - 17:27

ИДФ соопштија дека двајца израелски заложници на Хамас се префрлени во Црвениот крст

Израелските одбранбени сили потврдија дека Хамас предал две жени со двојно, руско и израелско, државјанство на Црвениот крст во Појасот Газа.

– Според информациите на Црвениот крст, двајца израелски заложници се префрлени кај нив и се на пат кон израелска територија, се вели во краткото соопштение.

Хамас претходно соопшти дека ослободувањето на двете жени е „гест кон рускиот претседател Владимир Путин“.

Уште 10 израелски заложници вечерва треба да му бидат предадени на Црвениот крст.