Идентификувано безживотното тело извлечено денеска од Вардар
Безживотното тело на Гани Ш.(91) денеска нешто по 13 часот било пронајдено во водите на реката Вардар кај тетовското село Сараќино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, случајот во полиција бил пријавен од 65 годишен жител на Сараќино кој пријавил дека во реката има тогаш непознато безживотно машко тело. Веднаш на самото место излегле екипи на прва помош, СВР Тетово и противпожарната единица од Тетово кои го извлекле телото на починатиот од реката по што тоа било идентификувано како Гани Ш.(91) од Стримница.
Во моментот увид на самото место вршат јавен обвинител, лекар по судска медицина како и екипа на СВР Тетово за тоа како починал и се друго поврзано со случајот.
- Сега починатиот уште на 17 овој месец бил пријавен од страна на неговиот син како исчезнат откако заминал на неговата нива и не се вратил дома. Од пријавата досега на неколкупати биле организирани интезивни потраги како од страна на тетовската полиција така и на специјални нуркачки екипи од МВР кои го пребарувале коритото на реката Вардар за каде имало најмногу индиции дека можно е да биде телото на Гани, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми