Балкан
13. January 2016 - 12:44

Идентификуван бомбашот самоубиец кој во Истанбул усмрти 10 луѓе

Бомбашот самоубиец кој се разнесе во центарот на Истанбул  е идентификуван како Набил Фадил (28) кој е роден во Саудиска Арабија, соопштија денеска турски официјални претставници.

Станува збор за припадник на Исламска држава кој неодамна се „инфилтрирал“ во Турција каде дошол од Сирија.

Според Сабах, Фадил влегол во Турција на 5 јануари како мигрант кога му биле земени отисоци од прсти.

Ширум Турција денеска се уапсени 68 луѓе поради сомневање дека се припадници на ИД иако не е сигурно дека сите се поради врски со нападот во Истанбул во кој загинаа 10 луѓе и 15 беа ранети.