Свет
9. јуни 2017 - 9:38

ИД упати нови закани кон осум земји

Терористичката група Исламска држава упати нови закани кон Белгија, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и Италија, јавија белгиските медиуми. 

Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение. 

Во најавите, терористите ги повикуваат своите „браќа“ муслимани да избегнуваат јавни места како пазари, улици и паркинзи, бидејќи „борците на калифатот таму ќе се разнесат, ќе ги прегазат луѓето и ќе им ги отсечат грлата“. 

Белгиските служби за безбедност извршуваат проверка. 

Јавните места во Брисел од крајот на 2015 година се ставени под полициски надзор.