Свет
18. August 2015 - 17:03

ИД повика на џихад и заземање на Истанбул

Милитантната група  Исламска држава објави видео-снимка на која  го повикува турксиот народ на џихад и за заземање на Истанбул. Повикот  го упатува командодот на групата во Турција. Објавениот материјал содржи и критики до  турскиот претседателот Ердоган  поради  вклучувањето на земјата во меѓународната коалиција предводена од САД за борба против  џихадистите. 

Нови експлозии  во Банкок, ден по бомбашшкиот напад во кој загинаа 22 лица

Нови експлозии ја потресоа тајландската престолнина Банкок, ден по бомбашкиот напад во кој загинаа 22 лице, мегу кои и странци  Една бомба експлодирала  во близина на една од станиците на градската метро линија а  другата била флрна во реката од мост во центарот на градот. Во двата случаи нема повредени а полицијата работи на нивно  расветлување. Продолжува и истрагата за вчерашната експлозија во близина  на еден  од најпосетувани  хиндуистички  храмови  во Банкок . Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите

Најдените телата на сите жртви во индонезискиот авион

Спасувачките екипи ги пронашле телата на  сите 54 патници и членови на екипажот на авионот кој пред два дена се урна удријаки во планина во индонезиската провинција Папау.   Пронајдена е и црната кутија.   Според властите леталото, сопстеност на индонезиската  авио компанија Тригана   се урнало поради лошото време.   Ова е трета авионска несреќа во помалку од една годинаа на компанијата.