Свет
26. December 2015 - 9:34

ИД ослободи 25 асирски христијани

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) ослободи 25 асирски христијани, кои веќе 10 месеци ги држеше како заложници во Сирија, соопшти денеска организацијата Асирска мрежа за човекови права, со седиште во Стокхолм.  

Во соопштението се посочува дека ослободените заложници биле дел од групата од околу 230 асирски христијани, кои припадниците на ИД ги заробија во февруари во североисточната сириска провинција Хасака.

Ослободените 16 деца и нивните мајки, веќе пристигнале во градот Тал Тамр, каде мнозинството од жителите се христијани.

Според директорот на Мрежата за човекови права, Осама Едуард, во ослободувањето на заложниците посредувала Асирската црква.

Од заробените асирски христијани од Хасака, ИД досега ослободи 148 лица.