Свет
14. July 2016 - 17:28

ИД објави дека соборила авион на сириската армија

Џихадистите од Исламска држава соборија авион на сириската армија во близина на градот Деир ал Зур, а пилотот е убиен.

На денеска објавената видео-снимка прикажани се остатоци од авион во пламен, делови од тело во воена униформа и бел шлем.

И Сириската опсерваторија за човекови права јави за соборен авион. Организацијата со седиште во Лондон наведе дека борци на ИД собориле авион во близина на воениот аеродром во Деир ал Зур, кој е под контрола на сириската армија.

Но, не е прецизирано кога се случил инцидентот.

ИД контролира поголем дел од провинцијата Деир ал Зур, додека под контрола на владините сили е аеродромот и дел од истоимениот град на река Ефрат.