Loading Video...
Свет
28. December 2017 - 16:42

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул во кој повеќето од жртвите се студенти

Најмалку 40 лица загинаа а над 50 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз новинската агенција Авган Војс во Кабул.

Најголем дел од жртвите се студенти  кои во моментот на нападот биле на семинар во агенцијата.

Кратко по самоубиствениот бомбашки напад во близина на агенцијата  одекнале и две експлозии.  

Одговорноста за крвопролевањето ја презеде терористичката група ИД.