Балкан
22. March 2016 - 14:22

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Брисел

Терористичката организација ИД ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, јави ТАСС. 

Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.

Белгиската министерка за здравство Маги де Блок изјави дека во нападите на аеродромот загинале 11 луѓе, а повредени се 81, додека во метро станицата Молебек загинаа најмалку 15 луѓе, а повредени се најмалку 55