Свет
19. October 2015 - 20:06

ИД ги повика Палестинците да ги напаѓаат Израелците

Исламска држава покрена медуимска кампања без преседан во која ги повикува Палестинците да ги продолжат нападите врз израелските цивили и војници, пренесува Танјуг.

Преку видео-снимка се апелира до Палестинците да изведуваат напади користејќи го секое средство на располагање „вклучително ножеви, возила, отров и експлозив“.

Видеото денеска е поставено на социјалните мрежи кои ги користи ИД, а се совпаѓа со бранот израелско-палестинско насилство и тензичната атмосфера.

На видео-снимката еден маскиран борец ги фали Арапите кои ги напаѓаат Израелците  опишувајќи ги како осамени волци кои одбиваат да се потчинат и да шират страв меѓу синовите на Цион.