Свет
27. December 2019 - 13:07

ИД егзекутира 11 христијани во Нигерија

Припадници на џихадистичката група Исламска држава емитуваа видео снимка на која е прикажа егзекуција на 11 христијани во северозападниот дел на Нигерија.

– Тоа е порака до христијаните во цел свет, изјави маскиран маж во едноминутното видео. Тој тврди дека убиството на 11 мажи е одмазда за смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади и неговиот портпарол.

Лидерот на ИД, Багдади се самоуби во октомври за време на нападот на американските специјални сили врз неговото засолниште во сириската провинција Идлиб.

ИД последните месеци ги интензивира нападите врз христијаните и безбедносните сили.

Џихадистите во неделата убија шест лица и киднапираа петмина во нигериската покраина Мајдугури.

Во североисточниот дел од Нигерија ИД има убиено 36.000 луѓе, а поради нејзиното дејствување раселени се околу два милиони луѓе. Насилството е проширено и во соседните земји – Нигер, Чад и Камерун.