Ибраимовски: Иницијативи за Ден на ромскиот јазик и за студии на ромски јазик
Министерот за имплементација на Националната стратегија на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски денеска го честиташе 7 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик прогласен 2015 година од страна на УНЕСКО и повика на зачувување на ромскиот мајчин јазик и традицијата и вредностите на ромската заедница во Македонија.
- Јазикот на еден народ е главен чинител на културниот и национален идентитет. Бројот на Роми во Европа е меѓу 12 и 15 милиони. Во повеќе од 60 проценти од земјите во Источна и Југоисточна Европа се говори ромскиот јазик, изјави Ибраимовски.
Најави иницијатива во Собранието за прогласување на 7 Ноември како ден на ромскиот јазик во Македонија, со што, како што рече, институциите ќе дадат свој придонес за подобро интегрирање на Ромите.
- Разговараме со Педагошкиот факултет да има студии на ромски јазик и сметаме дека од наредната година ќе имаме студенти магистри по романистика. Имаме поддршка од Министерството за образование, рече Ибраимовски.
На 11 ноември во Клубот на пратеници ќе се одржи свечена прослава по повод 7 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители