Loading Video...
Фудбал
7. August 2018 - 17:49

Ибраими посака нерешен резултат со постигнат гол

            И Шкендија има свои адути за првата средба против Салцбург која може да ја вивне до нови височини. Тетовчани ветуваат голема борба свесни дека нема што да загубат.

 За најдобриот игра на македонскиот првак  Бесарт Ибраими нема дилеми дека Салцбург е извонредно квалитетна екипа и голем фаворит  но желбата е да се оствари конкурентен резултат кој ќе го направи и мечот во Скопје интересен и неизвесен.  За Ибраими одличен резултат  е нерешен резултат со постигнат погодок.        

            Реванш средбата е за 7 дена на  Националната Арена Филип Втори во Скопје. Поразениот тим од овој двомеч продолжува во Лига Европа каде ќе игра победникот од дуелот  Корк Сити – Розенборг.