Џет-Сет
21. December 2015 - 10:58

Ибрахимовиќ повторно шокира: Како дете крадев се, велосипеди, автомобили...

Фудбалерот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ (34) откри дека како дете сакал да краде.

Познат како бунтовник на теренот и надвор од него, Швеѓанецот со балкански темперамент повторно раскажуваше за своето детство.

Посебно му било тешко што му се развеле родителите кога имал само две години. Од тогаш го воспитувала улицата.

-Живее во хаос, во предградието Розенгард во Малме, кое беше познато по тоа што таму живееја луѓе од Балканот. Тепачките на улица беа секојдневие. Се тепав и јас, дури и крадев велосипеди, слатки, а подоцна и автомобили. Кога нешто ќе би требаше, не одев во продавница да купам, туку тоа ќе го украдев, вели Ибра за Би Би Си и додава:

-Во една прилика на поштарот му го украдов велосипедот. А потоа му го украдов велосипедот на својот тренер. Не ми се идеше пет километри пешки од тренинг до дома. Можеше да ме исфрли од клубот, ама не го стори тоа зошто веруваше во мене, вели тој.