Фудбал
24. August 2017 - 15:50

Ибрахимовиќ останува во Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед иако се уште не се вратил на теренот по повредата на коленото. 

Шведскиот интернационалец се повреди во април  на дуелот со Андерлехт. 
Иако Јунајтед го купи Лукаку сепак Мурињо реши да го задржи и Ибрахимовиќ. 
Договорот е склучен во Монако каде вечерва е извлекувањето на групите од ЛШ.