Фудбал
15. January 2021 - 10:25

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобар голман на светот

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го смета Џанлуиџи Донарума за најдобар голманот на светот.

– Донарума е најдобриот голман на светот. Не е нормално дека тој никогаш не играл во Лигата на шампионите, го цитира Ибрахимовиќ новинарот Фабрицио Романо.

Дваесет и едногодишниот Донарума е од дете во Милан. Оваа сезона, Италијанецот учествуваше на 16 натпревари во Серија А, од кои на пет не прими гол. Неговиот договор со клубот трае до летото 2021 година.

Донарума со своите одбрани е еден од најзаслужните за лидерското место на Милан по 17 кола во Серија А.