Фудбал
5. September 2017 - 11:10

Ибра пријавен за ЛШ

Иако враќањето на фудбалските терени на Златан Ибрахимовиќ се очекува кон крајот на годината, неговиот клуб Манчестер Јунајтед го регистрираше за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да го чека искусниот напаѓач целосно да се рехабилитира од повредата.

Шведскиот интернационалец се повреди во финишот на минатата сезона, во четвртфиналнот реванш против Андерлехт во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед во фазата по групи во Лигата на шампионите ќе игра против Бенфика, Базел и ЦСКА Москва.