-->
-->
Ибра не се предава, најави враќање во топ форма
-->
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, рекол дека нема намера да стави крај на кариерата и покрај повредата на предниот вкрстен лигамент во коленото. Ибрахимовиќ, дополнил дека по повредата ќе се врати уште посилен на фудбалските терени.
Златан Ибрахимовиќ (35), во последните моменти од регуларниот дел на четвртфиналниот реванш во Лига Европа, против Андерлехт, ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото, клубот во неделата објави дека тој е тешко повреден, а британските медиуми започнаа да шпекулираат дека шведскиот напаѓач ќе ја заврши кариерата.
„Ќе минам низ оваа повреда како низ многу други работи во животот. Ќе се вратам уште посилен. Веќе сум играл „со една нога“, ова нема да преставува проблем. Едно е сигурно, сам ќе решам кога е вистинското време да ја завршам кариерата. Откажувањето не е опција. Се гледаме наскоро“, објавил Ибрахимовиќ на својот профил на „Инстаграм“.
Рехабилитацијата по ваквата повреда вообичаено трае помеѓу шест и девет месеци, што значи дека тој на фудбалот може да му се врати на почетокот на наредната година.
Швеѓанецот, минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед од ПСЖ. Тогаш потпиша едногодишен договор, кој се уште не го продолжил иако сезоната е при крај.
Оваа сезона, Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец на Јунајтед, со 28 голови на 46 одиграни натпревари во сите клупски натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана