Фудбал
22. November 2016 - 13:53

Ибањез двоен стрелец за Легањес во победата над Осасуна

 
Во последниот дуел од 12.коло во Примера, фудбалерите на Легањес ја совладаа Осасуна со 2:0. Двоен стрелец за домашниот тим беше Роберт Ибањез, по еднаш погоди во првото и во второто полувреме.
 
По овој триумф, кој е четврти сезонава,  Легањес се искачи на 15.место на табелата со 13 бодови, или четири повеќе од 18-от Хихон кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
 
Осасуна остана на претпоследното место со само една победа, четири нерешени и дури седум  порази.
 
На врвот е Реал Мадрид со 30 бодови, пред Барселона со 26, Севиља има 24.