Македонија
19. April 2019 - 16:07

И Заев и Мицковски апелираат на излезеност за претседател да не се избира во Собранието

Премиерот очекува фер и демократски  престедателски избори во недела . Верува дека граганите  во голем број ке излезат на гласање и ке се постигне цензусот. Во спротивно може да дојде до политичка криза, смета Заев.

Јас верувам дека ќе имаме успешен прв круг и успешен втор круг, дека непосредните избори се подобредојдени, секогаш ни стојат на располагање  алатките претседателот да се бира во Парламентот, секогаш ни стојат и алатките да ги повториме изборите. Сето тоа се наши правни можности. Но, имаме одговорност сите како граѓани да излеземе и да гласаме, да избереме претседател на нашата земја.Тоа е право на граѓаните, тие ќе си одлучат кого ќе изберат. Да не ја пропуштаме оваа шанса. Неизборот на претседател значи нова политичка криза, а тоа не ни треба, 

За лидерот на опозицијата е неприфатливо претседателот да се бира во Собранието, наместо со непосредно гласање.  Мицковски ги повика граганите масовно да гласааат и да покажат дека изборот е во нивни раце.

 Да се излезе, да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број и да се покаже дека народот е главен и суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни Заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во своите раце.

И шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати упатија последен апел до граганите  во недела да го остварат своето галсачко право.

Ова се  шести  претседателски избори во Македонија.  Гласачите ке можат да избираат мегу тројца кандидати Стево Пендаровски, Гордана Давкова-Силјановска и Блерим Река. Право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач.